Дома Фудбал Анчелоти: Ме уморија приказните за Винисиус

Анчелоти: Ме уморија приказните за Винисиус

Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот против Осасуна, кој е закажан за сабота во 16:15 часот. Зборуваше на тема што сега е една од главните во круговите на Реал, а тоа е потенцијалното заминување на Винисиус Жуниор во Саудиска Арабија. Италијанецот за тоа рече:

“Дали сум уморен од таа приказна? Да. Дали сум загрижен? Не. Дали го гледам среќен? Да. И ние сме среќни со него. Нема што повеќе да додадам од она што го кажав претходно… или пред две недели. Тоа е тема за која се зборува надвор, не кај нас. Го гледам Винисиус со многу желба. И тоа се гледа! Многу желба да ги направиме работите добро, како што беше случај во претходниот натпревар.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


И мислам дека ќе продолжи да му оди добро, зашто почнува да биде во добра физичка форма после повредите, го гледам многу мотивиран и, пред сè, поради она што го направи во натпреварот со Сити, каде беше под голем притисок и се држеше многу добро, исто така направи разлика.”

Исто така беше прашан дали мисли дека Бразилецот сака да ја помине целата кариера во Реал. Рече: “Не знам дали добил понуди или се предомислил. Можам само да ви кажам што гледам. А тоа е среќен играч, полн со желба да направи добри нешта и да испише историја со овој клуб. Ништо повеќе.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Инзаги: Интер без Зомер

Јан Зомер, првиот голман на Интер, има фрактура на палецот што ќе го држи подалеку од тере…