Дома Фудбал Анчелоти: Мбапе покажа дека бев во право

Анчелоти: Мбапе покажа дека бев во право

Реал Мадрид ја победи Севиља со 4:2 во 18-тото коло на Ла Лига, а Карло Анчелоти истакна дека тимот конечно е на своето место. 

“Го средивме она што ни недостигаше: малку став, колективна посветеност и уште малку трчање. Се вративме да работиме добро. Двата месеца по поразот од Милан беа многу тешки за екипата бидејќи имавме тешки натпревари”, анализираше Анчелоти. 

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Килијан Мбапе вчера постигна гол и запиша асистенција. 

“Реков вчера дека периодот на адаптација за Мбапе е завршен… и денес тој покажа дека и јас понекогаш сум во право. Беше самокритичен. Излезе од тешка ситуација и го покажа целиот свој квалитет”, истакна Анчелоти

“Клубот никогаш не ми покажа никаква загриженост бидејќи секогаш изразуваа наклонетост и доверба. Тоа е она што му треба на тренерот кога поминува низ тешки времиња. Верував во тоа што ми го рекоа по гласините за клупата и ме уверија дека треба да работам за да излезам од ситуацијата”, изјави тренерот на „кралевите“. 

Реал е втор на табелата со бод помалку од првопласираниот Атлетико Мадрид и два бода повеќе од Барселона која е трета. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово е: Ендрик го напушта Реал Мадрид во јануари

Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок ќе се раздели со младиот бразилски напаѓач Ендрик, …