Дома Фудбал Анчелоти: Лошо се браневме во прво полувреме, а тие лесно ни даваа голови!

Анчелоти: Лошо се браневме во прво полувреме, а тие лесно ни даваа голови!

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја уште една катастрофа во дуелите со најголемиот ривал Барселона во тековната сезона.

По октомвриските 0:4 во Мадрид во Ла Лига, синоќа во Џеда загубија од Каталонците со 2:5 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на европскиот и шпанскиот шампион Карло Анчелоти опиша како се чувствува по неуспехот.

Беше лоша ноќ, тажни сме исто како и сите наши навивачи, тоа е разочарување. Не смееме да го криеме тоа, но ова е фудбал, понекогаш можеш да победиш, а понекогаш мораш да учиш од поразите. Мора само да гледаме напред“, рече италијанскиот стручњак.

Истакнува дека основната причина за поразот беше лошата игра во првото полувреме, по кое беше 1:4.

Лошо се браневме, тоа нè повреди во играта, лесно доаѓаа до голови, а ние не реагиравме добро на високиот пресинг. На полувремето им реков дека во второто мораме да се обидеме да играме фудбал бидејќи во првото полувреме не игравме, удиравме долги топки, но тоа не беше идејата. Можеш да изгубиш натпревари, но не на начинот на кој игравме во првото полувреме“, заврши Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…