
Познатиот италијански стратег Карло Анчелоти, според очекувањата, на крајот на сезоната ќе стави крај на својата етапа во Реал Мадрид и ќе го преземе селекторското место на бразилската фудбалска репрезентација.
Одлуката доаѓа по серија незадоволителни резултати на „кралскиот клуб“, кои ја забрзаа неговата разделба со тимот од шпанската престолнина.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
И покрај тоа, раководството на Реал реши со почит и благодарност да ја заврши соработката со Анчелоти, па ќе му ја исплати и целата последна година од договорот, во вредност од 11 милиони евра. Со тоа, клубот ја нагласува важноста на неговиот придонес во последните неколку сезони.
Анчелоти остави значаен белег во историјата на Реал Мадрид, водејќи го тимот до вкупно 11 трофеи, вклучувајќи и Лигата на шампионите, Ла Лига и други значајни титули.
Фото: Принтскрин