Дома Фудбал Анчелоти: Изгубивме интерес за Лига на шампионите!

Анчелоти: Изгубивме интерес за Лига на шампионите!

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, но сега работи на друга страна од светот. 

Во разговор за италијанските медиуми, тој беше прилично остар кон раководителите на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, сметајќи дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаеше на недостатокот на квалитет во самото натпреварување. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Гледајќи од другата страна на светот, Лигата на шампионите секогаш има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити и Баерн. Во овие неколку први кола, видовме натпревари со високи резултати. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот”, рече дон Карло. 

Не го кажа директно тоа, но се чини дека смета дека европскиот фудбал тргнал кон профит, а не кон квалитет. 

„Оваа прва фаза беше проширена за да гледаме поинтересен фудбал, но не беше баш така, се покажа поинаку. Мораме тоа да го прифатиме“, рече Анчелоти. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…