Дома Фудбал Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без трофеј

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без трофеј

Реал Мадрид оваа сезона веќе освои УЕФА Суперкуп и Интерконтинентален куп, но овие трофеи не се доволни за да може мирно да го чека крајот на сезоната. Шпанците пишуваат дека Реал ќе му даде отказ на Анчелоти ако на крајот на сезоната не освои трофеј од Лигата на шампионите, Ла Лига или Кралскиот куп.

Ако Реал не успее да освои некое од овие натпреварувања, Анчелоти ќе го напушти клубот и покрај договорот што го има за следната сезона. „Релево“ пренесува дека неговиот наследник во клубот треба да биде Чаби Алонсо. Во Баер, актуелниот клуб на Алонсо, се свесни за плановите на Реал. Шпанците пишуваат дека има договор меѓу двата клуба според кој Алонсо ќе може да замине ако Реал го повика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Анчелоти моментално е во својот втор мандат на чело на Реал. На клубот му донесе две титули во шпанската лига, три во Лигата на шампионите и вкупно 15 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се решава на судбината на Асенсио? Подготвена понуда од 15 милиони евра

Астон Вила е на работ да го осигура потписот на Марко Асенсио од Парис Сен-Жермен, а клубо…