Дома Фудбал Aнчелоти: Веќе имав еден играч како Модриќ. Тоа беше во Милан

Aнчелоти: Веќе имав еден играч како Модриќ. Тоа беше во Милан

ЛУКА МОДРИЌ (39) постигна спектакуларен гол за Реал Мадрид. Хрватскиот репрезентативец го постигна голот против Џирона во натпреварот од 25. коло на шпанската Ла Лига. Реал на крајот победи со 2:0, откако Винисиус погоди во 83. минута. Погледнете го голот на Модриќ ОВДЕ.

Играта на Модриќ ја коментираше Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


“Модриќ е дар за фудбалот. Нека игра дотогаш колку што тој сака. Она што го прави, го прави многу добро. Можеме да бидеме среќни што таква легенда е со нас. Имав уште еден играч кој имаше 40 години, тоа беше Малдини. Може да ги споредиме по тоа каков треба да биде фудбалерот. Тие се фантастични примери. Не е случајно што и двајцата достигнаа до 40 години. Генетиката е важна, но исто така посветеноста и пристапот кон трудот”, рече Анчелоти.

Оваа сезона, 39-годишниот Модриќ има веќе 35 настапи во сите натпреварувања, постигна четири гола и даде шест асистенции. Пропушти само два натпревари во напорниот јануарски распоред, кој вклучуваше два натпревара од Суперкупот во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан подготвува ѕвездена чистка на лето

Тројца од главните фудбалери на Милан можат да бидат продадени по крајот на сезоната, тврд…