Дома Фудбал Останато Ана Цветановска 105 место во крос-кантри трката на 10 километри

Ана Цветановска 105 место во крос-кантри трката на 10 километри

Македонската нордиска скијачка Ана Цветановска го имаше својот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, каде што се натпреваруваше во крос-кантри на 10 километри.

Цветановска ја помина патеката со време од 31:32,04 минути, што ѝ донесе 105. место во конкуренција од 108 натпреварувачки. Иако резултатски далеку од водечките, настапот претставува уште едно вредно олимписко искуство за нашата претставничка на најголемата светска спортска сцена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Златниот медал го освои Швеѓанката Фрида Карлсон, која доминираше со време од 22:49,02 минути и уште еднаш ја потврди својата класа во оваа дисциплина.

Олимписките возбудувања продолжуваат и утре, кога повторно настап ќе има Ставре Јада, кој ќе се натпреварува во истата дисциплина на 10 километри во машка конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Циркус на Супер-Џи трката: 17 скијачки излетаа од патеката, победа славеше Италијанка!

Федерика Брињоне триумфираше во супер-џи на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано. Т…