Дома Фудбал Аморим го најде решението за своите проблеми во Италија

Аморим го најде решението за своите проблеми во Италија

Манчестер Јунајтед оваа сезона игра многу слабо и без сомнение е дека на лето мораат да ја засилат екипата, а нивните желби веќе се познати.

„Црвените ѓаволи“ играат една од најлошите сезони во својата историја, што го покажува и нивното место на табелата во Премиер лигата.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се наоѓа на очајната 14. позиција, од домашните купови веќе одамна испаднаа, а единствената шанса за трофеј оваа сезона им е Лигата на Европа.

Таму ги очекува двомеч во полуфиналето со Атлетик Билбао, што нема да биде нималку лесен испит за клубот од Манчестер.

На сите им е јасно дека Манчестер Јунајтед ќе мора сериозно да се засили ова лето за да излезе од кризата во која се наоѓа веќе некое време.

Крајот на сезоната во европските натпреварувања се ближи, па така се ближи и самото отворање на трансфер периодот, а желбите веќе се познати.

Шефот на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед – Рубен Аморим „фрли око“ на напаѓачот на Аталанта – Адемола Лукман.

Репрезентативецот на Нигерија игра феноменално оваа сезона. Одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 голови и додаде севкупно седум асистенции.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни кажа кои навивачи биле ужасни, Карагер почна да се смее (Видео)

Вејн Руни во текот на својата кариера играше за Манчестер Јунајтед, Евертон, Дерби Каунти …