Дома Фудбал Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Аморим: Бајандир брани против Сити, Ламенс ќе брани години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека нема да го менува голманот за претстојното градско дерби против Сити.

Алтај Бајандир ќе го задржи своето место на голот на Манчестер Јунајтед во неделното дерби против соседниот Сити во гости, но Рубен Аморим вели дека новиот голман на Црвените Ѓаволи, Сене Ламенс, има потенцијал да биде прв избор „неколку години“, пишува BBC спорт.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јунајтед го доведе талентираниот 23-годишен Белгиец од Антверпен за 18,1 милион фунти (околу 21 милион евра), додека минатата сезона стандарниот 29-годишен Камерунец, Андре Онане, е позајмен на турскиот Трабзонспор до крајот на сезоната.

Бајандир го чуваше голот на Јунајтед на сите три натпревари од Премиер лигата оваа сезона и ќе брани и против Манчестер Сити во недела, иако направи неколку грешки што доведоа до примени голови против Арсенал и Бернли. Причината е едноставна, четири години постариот Турчин има многу повеќе искуство од 23-годишниот Белгиец.

„Алтај ќе остане на голот“, потврди Рубен Аморим на англиските новинари, но притоа го пофали новајлијата од Белгија, Сене Ламенс.

„Тој има голем потенцијал да биде нашиот голман со години. Се наоѓаме во момент кога голманот мора да биде навистина силен и да има многу искуство. Но, покрај тоа што гледаме во сегашноста, мораме да се фокусираме и на иднината“, рече Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наиголан жестоко удри по поранешниот селектор: Играта беше само додај на Де Брујн, додај на Азар…

Раџа Наинголан одново се осврна со остра критика кон поранешниот селектор на Белгија, Робе…