Медиумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед стапил во разговори со Наполи во врска со потенцијална разменска зделка која би го вклучила Маркус Рашфорд и Хвича Кварацхелија.
Рашфорд, кој ги пропушти последните шест натпревари на својот тим во сите натпреварувања, изгледа дека е на излезни врати од „Олд Трафорд“.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Откако беше изоставен од составот од страна на тренерот Рубен Аморим, англискиот напаѓач ја изрази својата желба за нов предизвик надвор од клубот.
Клубови како Милан, Јувентус и Борусија Дортмунд сите покажале интерес за потпишување на ѕвездата од Премиер лигата.
Јунајтед активно бара замена за Рашфорд, и според „Л’Екип“, тие биле во разговори со Наполи за можна разменска зделка за Кварацхелија. Меѓутоа, се соочуваат со жестока конкуренција од Париз Сент-Жермен.