Дома Фудбал Алонсо уште сега знае на кого нема да смета наредното лето

Алонсо уште сега знае на кого нема да смета наредното лето

Иако новата сезона штотуку започна, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, веќе знае дека наредната сезона нема да смета на Антонио Рудигер и Давид Алаба.

Мадридските медиуми ја искористија репрезентативната пауза за анализа на досегашната работа на Алонсо, со јасни прогнози за иднината, и открија дека Алонсо и Флорентино Перез се согласиле клубот да не им понуди нови договори на Рудигер и Алаба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Искусните дефанзивци влегоа во последната година од нивните договори ова лето, Реал Мадрид нема проблем да останат до истекот, но обновата на соработката не е опција.

Алаба имаше опција да замине уште за време на летото, но одби, како поради фактот што сака да се докаже така и поради примањата, бидејќи е меѓу најплатените во тимот.

Рудигер беше многу важен елемент кај Карло Анчелоти, но и неговата улога сега е намалена, со оглед на тоа што Алонсо сака да го форсира тандемот Хаусен-Милитао.

Не треба да се заборави дека Алаба наполни 33 години, Рудигер е година помлад, па е јасно дека полека навлегуваат во завршетокот на кариерите.

Исто така, ова е уште еден јасен знак дека главната задача на Реал ќе биде да ја зајакне централната одбранбена позиција, а првата мета е Ибраима Конате, кој исто така има договор со Ливерпул до летото 2026 година.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ остана „осакатен“ за време на репрезентативната пауза – загуби две ѕвезди!

Репрезентативната пауза се покажа како најскапа за Пари Сен Жермен. Францускиот шампион ос…