Дома Фудбал Aлонсо по дебаклот на Реал Мадрид: Јас сум виновен

Aлонсо по дебаклот на Реал Мадрид: Јас сум виновен

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, не бараше причини по тешкиот пораз од 5:2 од градскиот ривал Атлетико Мадрид на стадионот Метрополитано.

Пред новинарите, тој ја презеде целосната одговорност за лекцијата која неговиот тим ја доби во дербито. Тренерот на Реал беше директен и самокритичен, правејќи темелна анализа на грешките на својот тим без прикривање зад надворешни фактори.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Лош натпревар беше. Не влеговме како што треба, не игравме добро ни колективно, ни со топка, ни без неа. Изговори нема. Повредени сме, исто како и навивачите. Ова беше дерби и заслужена загубивме“, изјави Алонсо.

Тој додаде дека во дуелите и борбата за топката во средината биле преслаби и играта немала потребна течност. На прашањето за арбитражата, беше јасен:

„Нема замерки. Она што се случи денес беше независно од судењето. Заслужена загуба беше.“

Алонсо одби да ги спореди овие моменти со тешки порази од минатото, истакнувајќи дека ова е само почеток на сезоната.

„Ова е првиот ваков пораз оваа сезона; болен, без сомнение. Се чувствувам како главен виновник. Сега мораме да видиме што да поправиме и како да продолжиме понатаму“, заврши Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шаќири откри зошто ги провоцираше Србите со албанскиот орел

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири даде опширно интервју за швајцарската телевизија (СРФ)…