
Фудбалерите на Реал Мадрид ноќта од четврток на петок играат против Ред Бул Салцбург натпревар од последното коло на групната фаза на Светското клубско првенство. Во фокусот пред овој меч се најде Чаби Алонсо кој отворено кажа какви работи нема да се толерираат на одредени играчи од Кралевите.
Реал Мадрид по две одиграни кола на Светското клупско првенство има четири бодови, но пласманот во следната рунда од ова натпреварување сè уште не е обезбеден.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Нивниот вечерен противник Салцбург исто така има четири бодови, а од позадина демне Ал Хилал кој има два бодови помалку и игра против Пачука која е последна без освоени бодови.
Јасно е дека вечерва Реал нема право на кикс доколку сака да оди во нокаут фазата и нема сомнение дека играчите на Чаби Алонсо ќе дадат максимум за да стигнат до победа и пласман понатаму.
Сепак, и Салцбург покажа дека во Америка не дојде само за туристички цели, и јасно е дека и на австрискиот клуб му одговара само победа, затоа што не сакаат да се грижат за резултатот од натпреварот на Ал Хилал и Пачука.
Пред овој натпревар се одржа и прес-конференција на која новинарите ги прими Чаби Алонсо и една работа посебно предизвика внимание.
Се појави приказна дека Алонсо „одржa лекција“ на некои офанзивци дека кога екипата се брани, мораат и тие да учествуваат во тоа, а главно се однесува на Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
„Сите играчи мораат да учествуваат во дефанзивата и да помагаат кога се прави пресинг. Вини, Џуд, Феде, Мбапе – баш сите. Нема исклучоци во тоа и тие работи се јасни“, кажа Алонсо.
Фото: Grok AI