Дома Фудбал Алонсо ја започнува чистката: Од Реал заминуваат петмина играчи

Алонсо ја започнува чистката: Од Реал заминуваат петмина играчи

Чаби Алонсо на 4 август ќе одржи состанок со пет играчи на кои, според шпанските медиуми, ќе им соопшти дека повеќе нема место за нив во клубот. Станува збор за Родриго, Ферлан Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.

Според пишувањата на АС, Реал е подготвен да ги засили своите редови преку продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека иднината на Себаљос и Ендрик уште е под прашање. Крајната одлука ќе биде позната по состанокот со Алонсо.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Најголем товар за тимот наводно претставува Давид Алаба, кој не се согласува со раскин на договорот и годишно заработува дури 22.5 милиони евра. Тој, според извештаите, е еден од играчите на кои Алонсо дефинитивно не смета.

Најблизу до заминување засега е бразилецот Родриго. Бројни европски великани се заинтересирани за неговите услуги, при што најголема заинтересираност покажува Арсенал.

Ова лето Реал Мадрид започна сериозна реконструкција на тимот. Одбраната е значително засилена со доаѓањето на Хујсен, Алваро Карерас и Трент Александер-Арнолд. Пристигна и младиот офанзивец Франко Мастантуоно, додека клубот го напуштија Лука Модриќ, Лукас Васкез и стоперот Хесус Валејо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик на меч во Јапонија засекогаш го понижи Тер Штеген – дали крајот е блиску!?

Барселона вчера одигра прв подготвителен натпревар за новата сезона и со 3:1 славеше проти…