
Тибо Куртоа неодамна изненади сите со изјавата дека не е невозможно да ја заврши кариерата порано од очекуваното, што го вклучи алармoт во Реал Мадрид. Чаби Алонсо веќе почна да бара замена за Куртоа, а многумина ги изненади информацијата дека имаше телефонски повик со Марк-Андре тер Штеген.
Куртоа има само 33 години и многумина беа шокирани кога беше објавена информацијата дека белгискиот голман би можел да ја заврши кариерата на само 35 години.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Се шпекулира дека тој сака да се посвети на авто-мото светот каде веќе е сопственик на екипа која се натпреварува во шпанската Формула 4, а неговата цел е и сам да се проба во овој спорт зад воланот.
Во Реал беа шокирани од информацијата дека Куртоа по истекот на договорот во 2027 година би можел да го напушти клубот и да се прости од активното играње фудбал, што го вклучи алармот за веќе сега да бараат замена за него.
Ова неодамна го потврди и Алонсо, кој призна дека постои можност Реал да се засили на голманската позиција и дека целта е да донесат голман на кој можат да сметаат и во иднина.
Шпанските медиуми наведуваат дека Алонсо веќе започнал акција и дека дури покажал интерес да го доведе Џанлуиџи Донарума од ПСЖ, но се чини дека од тоа нема ништо и дека Италијанецот оди во Манчестер Јунајтед.
Сепак, покрај Донарума на списокот на желби има уште еден голман кој дури го контактирал и Тер Штеген за да се информира за него.
Шпанскиот „Е-Нотиции“ пишува дека Алонсо имал разговор со капитенот на Барселона за да се распраша за Александар Нубел кој моментално е под договор со Баерн.
Токму Нубел го гледа како долгорочно решение на голот на Реал Мадрид и вистинска замена за Куртоа, кој веќе години наназад е број еден во кралскиот клуб.
Тер Штеген наводно истакнал дека Нубел е одличен и порачал дека Реал нема да згреши ако го доведат и ако успеат да постигнат договор со Баерн.
Фото: Принтскрин