Дома Фудбал Алонсо доби ужасни вести: Ѕвезда на Реал три месеци надвор од теренот, ќе пропушти 17 натпревари

Алонсо доби ужасни вести: Ѕвезда на Реал три месеци надвор од теренот, ќе пропушти 17 натпревари

Многу лоши вести пристигнаа денес за навивачите на Реал Мадрид, но и за тренерот на овој тим, Чаби Алонсо.

Еден од најважните играчи во тимот се здоби со повреда и ќе биде надвор од игра цели три месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа е голем удар затоа што од Реал Мадрид објавија дека клучниот дефанзивец Антонио Рудигер ќе биде надвор од теренот следните три месеци.

Ова беше објавено кратко откако се дозна дека репрезентативецот на Германија не е во составот за натпреварот против Реал Сосиедад кој се игра утре.

„По извршените тестирања дијагностицирана е повреда на мускулот на левата нога на Рудигер”, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Токму кога се чинеше дека ќе биде лидер во одбраната за Хаби Алонсо, Рудигер се повреди и ќе биде надвор од теренот три месеци.

Рудигер ќе пропушти дури 17 натпревари, а и осумнаесеттиот не е сигурен.

Германецот нема да игра против Реал Сосиедад утре, но ниту против Марсеј, Еспањол, Леванте, Атлетико Мадрид, Кајрат, Виљареал, Хетафе, Јувентус, Барселона, Валенсија, Ливерпул, Рајо, Елче, Олимпијакос, Жирона и Селта Виго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Една од најголемите ѕвезди на Јунајтед со жестока реакција до фанот кој одбива да се шиша додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го сподели своето гледиште за приказн…