
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз веќе има освоено четири Грен слем титули, без сомнение дека ќе продолжи во ист стил, а од почетокот на неговата професионална кариера најголем ривал му е Новак Ѓоковиќ.
На младиот тенисер му предвидуваат огромна кариера, без поголеми проблеми излегува на крај со другите тенисери, но против 37-годишниот Србин никогаш не му е лесно, кој и понатаму е конкуренција за сите идни надежи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Многу пати досега Алкараз го фалеше Ѓоковиќ, но овојпат многу ги изненади со своите зборови, бидејќи додека зборуваше за најголемите идоли и не го спомена српскиот ас.
„За мене најважно е да бидам добра личност и да покажувам добрина кон другите. Сакам да ги инспирирам децата, исто како што мене ме инспирираа Надал и Федерер. Тие беа мои идоли, секогаш ги сметав за пристапни и пријатни луѓе – рече Карлос во интервју за “Луј Витон”, а од листата го изостави Новак.