Дома Останати Тенис Алкараз лесно до осминафинале во Мелбурн, Зверев го „предупреди“ Ѓоковиќ

Алкараз лесно до осминафинале во Мелбурн, Зверев го „предупреди“ Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше денеска во осмина финалето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако го победи 33. играч на светот Португалецот Нуно Боргес по четири сета, 6:2, 6:4, 6:7, 6:2, во меч кој траешедва часа и 55 минути.

Тој пет пати му го одзеде сервисот на португалскиот тенисер, кој не направи ниту еден брејк.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Алкараз ќе игра против победникот од дуелот меѓу домашниот играч Александар Вукиќ и Британецот Џек Дрејпер.

Во осмина финале е и германскиот тенисер Александар Зверев, со победа против Британецот Џејкоб Фирнлеј 6:3, 6:4, 6:4, а неговата фуриозна игра, освојувачот на Олимписките игри од Токио пред три и пол години, е совршено предупредување за Новак Ѓоковиќ бидејќи двата аса се наоѓаат во истиот дел од ждрепката.

Неговиот противник ќе биде победникот од дуелот на француските тенисери Артур Фис и Уго Имбер.

Американскиот тенисер Томми Пол се пласира во осмина финале, откако го победи Шпанецот Роберто Карбалјес Баена со 7:6, 6:2, 6:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…