Дома Останати Тенис Алкараз ја насмеа публиката по победата над Синер: “Те гледам почесто од моето семејство”

Алкараз ја насмеа публиката по победата над Синер: “Те гледам почесто од моето семејство”

Карлос Алкараз триумфираше на УС Опен откако го победи најдобриот светски тенисер Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4. Со ова го освои својот шести Гренд Слем и втората титула во Њујорк, првата ја доби во 2022. Ова беше нивниот 15. меѓусебен дуел и десетта победа за Алкараз; во полуфиналето го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот го освои својот седми турнир оваа сезона, а ова му е втор освоен Гренд Слем оваа година откако триумфираше и на Ролан Гарос. По победата, покрај пехарот, доби и чек од пет милиони долари и во официјалното интервју упати признание до својот противник.

“Те гледам почесто од моето семејство”

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Неверојатно е сето што го постигнуваш оваа сезона. Секој турнир го играш на врвно ниво. Те гледам почесто од моето семејство, но убаво е да го делиме теренот”, се пошегува Алкараз, а потоа додаде неколку зборови за своето семејство:

“Многу сум среќен што ве имам. Ова навистина е чест. Напорот кој го вложувате за да ми помогнете да станам подобар, не само професионално, туку и лично. Многу сум горд на луѓето околу мене. Ви благодарам многу. Секој успех што сум го постигнал е благодарение на вас.

Ова е исто така ваше. Мојот тим… Многу сум среќен што дел од моето семејство е тука. Мојот брат, чичко, татко, мајка… И моите помлади браќа се исто така дома и ме гледаат. Поддршката што ја добивам од вас е неверојатна. Ви благодарнам многу.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Титулата во Романија донесе голем скок за Ѓорческа на ВТА листата!

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, ја продолжува успешната низа – викендов в…