Дома Останати Тенис Алкараз и Синер треба да бидат внимателни: Бившиот тренер на Ѓоковиќ верува дека може да достигне до 25 грендслема

Алкараз и Синер треба да бидат внимателни: Бившиот тренер на Ѓоковиќ верува дека може да достигне до 25 грендслема

Неверојатни настапи покажа Новак Ѓоковиќ на првиот грендслем во Мелбурн, особено во полуфиналето и финалето.

Прво Новак Ѓоковиќ го победи Јаник Синер, а потоа во епската борба не успеа против Карлос Алкараз.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новак Ѓоковиќ покажa една од своите најдобри игри во последните години победувајќи го двократниот бранител на титулата на Австралија опен Јаник Синер, достигнувајќи до своето прво големо финале, по УС опен 2023 година.

Рикардо Пјати, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, во периодот 2005/2006, од почетокот на кариерата, верува дека Србинoт може на омилените и помлади тенисери да им ја поремети сметката кога станува збор за грендслемите.

– Новак за кондициски тренер пред Австралија опен го ангажира мојот пријател Далибор Сиролу. Така почнаа да се подготвуваат за Мелбурн – изјави Рикардо Пјати за францускиот “Екип” и продолжи:

– Новак знае дека во неговите години му требаат уште повеќе подготовки, едноставно затоа што е постар. Всушност, играчите од различни возрасти имаат помалку време од него затоа што немаат ист распоред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка проба хот-дог од 100 долари, нејзината реакција кажува сѐ (Видео)

Најдобрата тенисерка во светот, Арена Сабаленка, влезе во полуфиналето на ВТА 1.000 турнир…