Дома Фудбал Останато Алексовска ќе брка златен медал за Македонија на СП во Тбилиси

Алексовска ќе брка златен медал за Македонија на СП во Тбилиси

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во мешани боречки вештини (ММА) кое ќе се одржи во Тбилиси од 27 септември до 2 октомври. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52,2 килограми, каде што во моментов зазема високо третото место на светската ранг-листа.

Даниела своето место меѓу најдобрите го заслужи со освоениот златен медал на Европското првенство оваа година, а сега ќе се обиде да направи нов исчекор во кариерата и да стигне до светска титула. Во групната фаза на шампионатот, таа ќе се соочи со натпреварувачки од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан, што претставува голем предизвик за македонската борецка надеж.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Алексовска ова ќе биде втор настап на Светски ММА шампионат, откако лани во Узбекистан освои бронзен медал, потврдувајќи ја својата конзистентност на меѓународната сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавена шокантна снимка: Погледнете како изгледаше лицет на Пол по нокаутот од Џошуа (Вознемирувачко видео)

Шпанскиот весник Marca синоќа објави вознемирувачко видео од американскиот јутјубери боксе…