Дома Фудбал Александар Трајковски има нов клуб!

Александар Трајковски има нов клуб!

Александар Трајковски (33) е новиот член на клубот Локомотива. Иако официјално претставување од клубот се уште нема, Локомотива го регистрираше поранешниот напаѓач на Хајдук во системот на ХНС, што значи дека како слободен играч ќе се приклучи на тимот пред крајот на првиот дел од сезоната.

После завршувањето на претходната сезона, Трајковски не беше дел од ниту еден клуб.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Трајковски мина две сезони во Хајдук, каде што дојде како слободен играч во летото 2023 година. Во 32-иот настап во Првата хрватска лига, успеа да постигне десет гола. Најдобриот натпревар воза Хајдук го одигра токму против Локомотива кога во последното коло на сезоната 2023/24 постигна хет-трик.

Локомотива е третиот хрватски тим за кој Трајковски ќе настапува. Тој претходно во сезоната 2010/11 го носеше дресот на Интер Запрешиќ. Најпознат е по периодот во Италија, каде што играше за Палермо, а своето искуство во Ла Лига го стекна со настапи за Мајорка. За македонската репрезентација досега одигра 98 натпревари и постигна 24 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Мадрид: Реал одлучи да продаде голема ѕвезда

Бразилецот Родриго е вишок во Реал Мадрид. Кралскиот клуб одлучи да го продаде 24-годишнио…