Дома Фудбал Алегри воведе четири строги правила: Ќе мора да ги почитува дури и Модриќ

Алегри воведе четири строги правила: Ќе мора да ги почитува дури и Модриќ

Масимилијано Алегри ја пронајде формулата за препород на Милан. Росонерите забележаа четири последователни победи без примен гол. Италијанските медиуми откриваат дека клучот лежи во строгите правила надвор од теренот.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, донесе низа промени кои, според италијанските извештаи, го подигнале тимот на повисоко ниво.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Кориере дела Сера“ пишува дека заслугите за успехот не можат да се припишат само на тактичките решенија на теренот.

Рецептот на Алегри вклучува четири јасни правила кои се однесуваат на секој член на тимот и стручниот штаб.

Прво, задолжително е користење на италијанскиот јазик во сите клупски простории.

Второ, на сила е строг кодекс на облекување за гостински натпревари.

Трето, вратени се задолжителните карантини пред натпреварите.

Четврто, целиот тим и стручниот штаб имаат заеднички ручеци во тренинг центарот Миланело.

Заедничките оброци се воведоа за да се спречат делби, што минатата сезона беше сериозен проблем.

Новите правила налагаат во просториите на клубот да се зборува исклучиво италијански, а сите, од играчи до кујнскиот персонал, мораат на гостување да доаѓаат во службена клупска облека, што вклучува костим и вратоврска.

Corriere della Sera нагласува дека станува збор за враќање на вредностите на “стариот Милан” од ерата на Силвио Берлускони, со јасна порака за заедништво и припадност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните предвидуваат: Ова се наредните 10 освојувачи на Златната топка!

Ламин Јамал успеа во понеделникот навечер да освои по втор пат последователно Трофеј Копа,…