Дома Фудбал Алегри: Треба да бидеме реални. Целта на Милан е пласман во Лигата на шампионите, а не титулата

Алегри: Треба да бидеме реални. Целта на Милан е пласман во Лигата на шампионите, а не титулата

ЛАЦИО во 29-тото коло од Серија А го совлада Милан со 1:0. Овој неуспех значајно ги намали шансите на Милан во трката со водечкиот Интер, кој сега има предност од осум бодови. Во случај на победа, Милан можеше да ја намали разликата на пет бодови откако Интер во саботата одигра нерешено 1:1 против Аталанта. Меѓутоа, погодокот на Густаво Иксаксен во 26-тата минута ја одлучи средбата на Олимпико..

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по натпреварот изјави: “Знаевме дека ова ќе биде тежок дуел, особено со враќањето на навивачите на стадионот. Во првото полувреме се мачевме, правејќи многу технички грешки. Во второто полувреме нивниот ритам падна, а ние се подобривме, иако не успеавме да постигнеме гол.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сите зборуваа за титулата, и го сфаќам тоа по ремито на Интер со Аталанта, но треба да бидеме реални и фокусирани на нашата цел, а тоа е Лигата на шампионите. Во спротивно, ќе го уништиме сето она што го градевме месециве, а тоа не би било добро бидејќи сме на важен пат,” рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добри вести за Реал: Мбапе се враќа на теренот

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, повторно се приклучи на тренинзите со ос…