Дома Фудбал Алегри сака максимален ред: Во Милан ќе има строги правила!

Алегри сака максимален ред: Во Милан ќе има строги правила!

Според извештаите на „Газета дело Спорт“, Масимилијано Алегри вовел строги правила за подготовките на Милан, кои вклучуваат два тренинга на ден, како и задолжителен појадок и вечера во Миланело. Од понеделник, 7 јули, Милан ќе ги започне подготовките за сезоната 2025/26, истовремено како и Џенова, пред другите клубови од Серија А.

Се наведува дека првата намера била подготовките на клубот да започнат на 10 или 11 јули, но Алегри избрал да започнат порано за да има повеќе време за работа со играчите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според информациите, скоро сите играчи ќе бидат присутни во Миланело на 7 јули, вклучувајќи го и Рафаел Леао. На 4 јули, три дена пред почетокот на тренингот, играчите на Милан ќе ги поминат медицинските прегледи.

Играчите кои во јуни завршија со настапите на меѓународните натпревари нема да добијат дополнителни одморни денови. Исклучоците се Сантијаго Хименез, кој сè уште е вклучен во натпреварувања со Мексико, и Лука Модриќ, кој со Реал Мадрид учествува на Светското клубско првенство.

Првиот дел од подготовките на Милан ќе се одржат во Миланело, со првиот дневен тренинг планиран за 9:30 часот, а вториот во 18:00 часот по локално време. На играчите силно ќе им се препорача да останат во Миланело преку ноќ и да не се враќаат дома по вечера, која ќе биде задолжителна во тренинг кампот на клубот, исто како и утринскиот појадок.

Вториот дел од подготовките на Милан ќе се одвива во Азија, каде на 23 јули ќе се соочат со Арсенал во Сингапур, на 26 јули со Ливерпул во Хонг Конг, а на 31 јули со Перт Глори во Перт (Австралија).

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Алонсо парите не значат ништо: Засилувањето на Реал Мадрид од 50 милиони евра може да заврши во Серија А!

Реал Мадрид, под новото водство на тренерот Чаби Алонсо, се подготвува за ново поглавје. Т…