Дома Фудбал Алегри ја премина секоја граница – тренерот на Милан пред жестока суспензија?

Алегри ја премина секоја граница – тренерот на Милан пред жестока суспензија?

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, може да добие жестока суспензија поради навреди на сметка на спортскиот координатор на Наполи, Габриеле Ориали, за време на натпреварот помеѓу двата клуба во четврток навечер во полуфиналето на Суперкупот на Италија.

Според “Газета спорт”, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да биде казнет со неколку натпревари во домашното првенство поради непримерни зборови кои ги упатил кон поранешниот италијански фудбалер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ако помине со полесни последици, трофејниот италијански стручњак најверојатно ќе биде “удрен по џебот”, а на Дисциплинската комисија е да одлучи кој потег ќе го преземе.

Од Наполи веќе порачаа дека се надеваат дека однесувањето на Алегри ќе има соодветни последици, нагласувајќи дека дури 33 камери во Ријад го снимиле она што го изговорил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…