Дома Фудбал Алаба се враќа после 13 месеци

Алаба се враќа после 13 месеци

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба од денеска конечно се враќа на терените.

По цели 13 месеци од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти, Австриецот ќе се врати на терените.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Извори од Мадрид велат дека планот на Карло Анчелоти е денеска да му даде неколку минути на Алаба во случај Реал да има позитивен резултат против Лас Палмас.

Реал има огромни шанси да и побегне на Барселона на +7, што можеби би го исфрлило нивниот најголем ривал од трката за титулата, а имаат противник по мерка, а со тоа и шанса за Алаба да се врати и да ги постигне првите минути по долга пауза. .

Карло Анчелоти на тој начин добива огромно засилување за остатокот на сезоната, бидејќи е познато дека Едер Милитао ја заврши сезоната, а Чуамени не ги исполни очекувањата на централниот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул по трагедијата: Уништени сме!

Фудбалскиот клуб Ливерпул е потресен и уништен од трагичната смрт на Диого Жота. „Клубот е…