Дома Фудбал Ако веруваме на традицијата вечерва во ЛШ – ќе има голови!

Ако веруваме на традицијата вечерва во ЛШ – ќе има голови!

Со вечерните натпревари во Минхен, Париз, Лисабон и Ајндховен ќе бидат комплетирани првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Денешната програма започнува со натпреварот во Ајндховен каде што играат ПСВ и Интер. Италијанскиот клуб е фаворит во овој двомеч и може веќе вечерва да го реши прашањето за напредок понатаму.

Во 21 часот се играат три дуели кои ни ветуваат многу голови.

Германското дерби го играат Баерн и Баер, а ова ќе им биде веќе четврти дуел оваа сезона. Во претходните три публиката виде само три гола (1:1 и 0:0 во првенството, победа на Баер во Купот 1:0), па сите љубители на фудбалот се надеваат дека двете екипи конечно ќе го покажат својот раскошен напаѓачки талент вечерва.

Истото се очекува и од дуелот помеѓу ПСЖ и Ливерпул на „Паркот на принцовите“ во Париз, затоа што се работи за дуел на водечки екипи во Франција и Англија кои оваа сезона постигнаа по 66 голови во своите првенства.

Ако се суди според најблиската историја, најмногу голови се очекуваат вечерва на дуелот во Лисабон на „Да Луж“ помеѓу Бенфика и Барселона.

Португалскиот и шпанскиот клуб се сретнаа во лигашкиот дел од натпреварувањето на истиот стадион, а резултатот беше неверојатни 5:4 за Барселона.

Во редовите на Бенфика тогаш блескаше Вангелис Павлидис со хет-трик, додека Роберт Левандовски и Рафиња постигнаа по два гола за Барса, а доколку играчите од двете екипи бидат упола разиграни како во јануарскиот дуел, нè очекува навистина спектакуларен натпревар.

Сите натпревари се во директен телевизиски пренос на Арена Спорт.

Вечерашните дуели од Лигата на шампионите:

18:45 ПСВ – Интер

21:00 Баерн – Бајер

21:00 ПСЖ – Ливерпул

21:00 Бенфика – Барселона

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како во најдобрите денови: Кутињо постигна спектакуларен гол (Видео)

Филипе Кутињо се врати во Васко да Гама, а ноќеска постигна два гола. Кутињо погоди од пен…