
Фудбалскиот клуб Рајо Ваљекано се квалификуваше во Конференциската лига на сосема неочекуван начин.
Севиља, Валенсија, Реал Сосиедад, па дури и Џирона, која оваа сезона се натпреваруваше во Лигата на шампиони, се најдоа зад клубот од предградие на Мадрид. Ова е голема можност за нив, со минимални инвестиции и речиси секогаш полн „Ваљекас“ чии трибини постојано се реновираат, но им требаат подобри услови.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Претседателот на клубот, Раул Мартин Преса, гостуваше во студиото на „Радио Марка“ каде зборуваше за целата сезона и одушеви многумина од слушателите и гледачите.
“Иднината на овој стадион би значела пропаст за Рајо Ваљекано. Во Шпанија има повеќе од 42 тима со подобри стадиони. Не можеме да се натпреваруваме под вакви услови”, сподели Преса за „Ваљекас“.
Едно од прашањата беше и зошто Рајо Ваљекано е единствениот тим во Ла Лига кој не продава билети преку интернет.
“Нема да нудиме продажба преку интернет бидејќи утврдивме дека тоа нема предности и има многу недостатоци. Таквата дистрибуција би го олеснила пристапот на гостинските навивачи и би го зголемила нивниот број. Постојат натпревари каде постои одреден број влезници за гости, а на пример од Билбао и Виторија сакаат да дојдат многу повеќе навивачи. Ако се пријават преку интернет, можат да купат цел сектор. Така ги жртвуваме нашите навивачи. Клубови со капацитети од 35.000 па нагоре имаат смисла да се свртат кон дигиталните платформи”.
Оствареното оваа сезона е неверојатно, смета Преса, затоа што вложувањата беа минимални.
“За нас, да останеме во Ла Лига е како да освоиме Лига на шампиони за Реал Мадрид. Ништо не вложивме во засилувања, а сето ова е резултат на осумгодишно планирање”.
Го пофали тренерот Иниго Перез за работата во првата сезона во елитата, а потоа, во монологот за засилувањата и останокот на играчите, изрази реченица која одекна на насловните страници.
“Ако Кристијано Роналдо стане достапен за нас, ќе одам во Саудиска Арабија и ќе го донесам на раце”, рече низ смеа.