Дома Останати Тенис Агаси: Алкараз ги собра сите особини од големата тројка

Агаси: Алкараз ги собра сите особини од големата тројка

Карлос Алкарас навистина има причини да ужива на лаврите. Не само што повторно е најдобар на светот, не само што неодамна го освои шестиот грен слем иако има само 22 години, не само што го надмина големиот ривал Јаник Синер во финалето на Ју-Ес опенот, туку и неговата популарност расте со вртоглава брзина. Сите го пофалуваат. Од навивачите до легендите.

Шпанецот од утре до недела го очекува Лејвер купот, предводејќи го Тим Европа, а на клупата на противникот ќе дебитира како селектор Андре Агаси.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Токму феноменалниот Американец упати безброј комплименти на првиот рекет на ривалската селекција во Сан Франциско.

– Тенисот сега е во фаза по генерацијата во која беа Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ако ги земете најдобрите од сите тројца, и ги дадете на една личност, тоа е Алкарас – не го крие Агаси своето восхитување од талентот на младиот Шпанец.

Потоа ги набројува сите особини што Алкарас ги поседува кои ги красеа асовите од големата тројка.

– Се брани како Новак, има нежна рака како Роџер, во состојба е да игра во ритамот на Рафа. Но тоа не е сè. Го има и брзината, во напад и во одбрана. Има страст што го мотивира постојано. Буквално има сè што е потребно – нагласува осумкратниот грен слем шампион од Лас Вегас дека Карлитос ги има сите потребни особини за неверојатен шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Руска тенисерка одби да се фотографира покрај Сабаленка, причината ќе ве изненади сите (ВИДЕО)

Феноменалниот крај на годината за Елена Рибакина беше крунисан со победа на Завршниот маст…