Дома Фудбал Англија Aртета убеден дека Арсенал може да ја освои титулата: Не можам да не ги сакам своите играчи

Aртета убеден дека Арсенал може да ја освои титулата: Не можам да не ги сакам своите играчи

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета се уште верува дека неговиот тим може до титулата, иако со последните резултати клубот се доведе во ситуација да чека кикс на Манчестер Сити.

„Не е крај, пред нас се уште шест натпревари и секако дека тука постои загриженост. Во фудбалот тоа е така, понекогаш доаѓаат тешки моменти во кои правите грешки, но важно е што побрзо да ги заборавите“, изјави Артета.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тврди дека тимот се уште има самодоверба.

„Самодоверба не изостанува. На ова ниво не смеете да примате голови какви што ние примаме. Тоа е толку едноставно. Јас не можам да не ги сакам своите играчи затоа што тие никогаш не побегнаа од одговорност. Верувам дека можеме до титулата, секогаш даваа се од себе“, изјави Артета.

Арсенал по 32 одиграни натпревари со 75 бодови се наоѓа на првото место на табелата во Премиер лигата. Зад него следи Манчестер Сити кој има пет бодови помалку,  но одигра само 30 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона купува напаѓач за 100.000 евра

Египетскиот 18-годишен напаѓач Хамза Абделкарим треба да стане нов член на Барселона, изве…