Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе се најде на трансфер листата на Реал Мадрид ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.
Доаѓањето на Карло Анчелоти очигледно нема да ја промени ситуацијата на српскиот шпиц, барем според она што се пишува во медиумите. Јовиќ заедно со одредена група соиграчи ќе биде ставен на трансфер листата и Реал е спремен да преговара со заинтересираните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Јовиќ на листата играчи кои ќе бараат нова средина се Марсело, Брахим Дијаз, Борха Мајорла, Иско, Дани Себаљос, Бејл…Кога е Велашанецот Бејл во прашање „Марка“ пишува и дека Бејл може дури и да ја заврши кариерата.
Ајнтрахт сакаше да го задржи Јовиќ, но останаа без Лигата на шампионите, па така немаат доволно приходи за платата и трансферот на фудбалерот.