Искусниот италијански стратег Карло Анчелоти во кариерата освои бројни трофеи водејќи големи европски клубови, а денес е тренер на Реал Мадрид, па затоа изненадувачки звучи неговата последна изјава.
Имено, Анчелоти по повод изјавата на Чави дека не можел да го издржи притисокот и затоа на крајот од сезоната заминува од Барселона, Италијанецот беше запрашан дали тој чувствува притисок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот одговор беше изненадувачки.
„Прво сакам да кажам дека не сакам споредби. Ние тренерите често имаме притисок, меѓутоа тоа е нормално за нашата работа. Го почитувам мислењето на секого без разлика дали бил Чави или некој друг. Но навистина не го разбирам (Чави).
Кога во прашање е притисокот, најмногу имав на почетокот на кариерата во втората италијанска лига. Се соочив со навистина тешки моменти и имав мака да го водам тимот, стигнав до момент каде што на еден од помошниците му кажав дека не би издржал до 2000 година, но еве стигнав и до 2024 и уште работам. Со текот на времето се навикнувате дека притисокот е ваше секојдневие“, изјави Анчелоти.