Дома Македонски спорт Мак фудбал Aнгеловски: Не знам дали ќе ја водам Македонија на Европското првенство

Aнгеловски: Не знам дали ќе ја водам Македонија на Европското првенство

Селекторот Игор Ангеловски имаше интервју за „ТВ Арена Спорт“ и во ова интервју порача дека кога е неговиот договор во прашање се уште ништо не се знае.

Договорот на Ангеловски како што е познато истекува на крајот 31. декември, тоа е за неколку дена. Разбирливо цела македонска спортска јавност очекува истиот да му биде продолжен затоа што тој е човекот за првпат ја одведе Македонија на едно сениорско ЕП. Засега ниту Мрме не знае дали ќе ја води Македонија на Европското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Договорот ми истекува на крајот на 2020 година и не знам дали ќе ми биде продолжен. Поради тоа не можам да зборувам за целите на репрезентациите. Искрено, не знам дали ќе поминам како Славољуб Муслин во Србија. Што е до мене јас сум расположен да работам и сега се е на националната федерација, ќе ја чекаме нивната одлука. До тогаш ќе уживам со семејството, тие многу трпеа поради моите обврски“, изјави Ангеловси.

Проговори и за групата во квалификациите за СП 2022.

„Нема дилеми дека Германија е фаворит за првото место. Ние со Исланд, Романија и Ерменија ќе се бориме за второто место. Секако тука е и Лихтенштајн на кого треба да му се даде внимание“, порача Мрме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…