Дома Македонски спорт Мак ракомет Aнализа на ЕХФ: Бранителот на титулата никогаш не бил вака нестабилен

Aнализа на ЕХФ: Бранителот на титулата никогаш не бил вака нестабилен

На Вардар сезонава многу потешко му оди за разлика од претходните години во Лигата на шампионите.

Македонскиот и актуелен европски шампион на отварањето на вториот дел од сезоната запиша нов убедлив од Кил со 11 голови разлика. Иако во овој натпревар Вардар 45 минути и не изгледаше така лошо.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар е во криза подолго време и тоа им е јасно, ЕХФ сега направи анализа на македонскиот тим и објаснува дека црвено-црните не се истиот тим од лани и дека го загубиле ритамот.

„Вардар минатите години знаеше да излезе како победник од улогата аутсајдер, но оваа сезона тимот е во дупка од која тешко ќе излезе. Егзодусот минатото лето и најавата за заминување на Кристопанс и Шишкарев придонесоа бранителот на титулата да биде нестабилен како никогаш претходно. Сменети беа двајца тренери, сега на клупата е поранешниот репрезентативец на Македонија Стевче Алушовски. Сепак екипата не изгледа стабилизирано. Поразот од 34:23 против Кил ги покажа нивните слабоссти, Вардар сезонава е втор тим со најмногу примени голови (355) само четири помалку од Мотор Запорожје“, стои помеѓу другото во анализата на ЕХФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …