Дома Фудбал Aлиоски се поблиску до враќање во Саудиска Арабија

Aлиоски се поблиску до враќање во Саудиска Арабија

Како што стојат работите Езгјан Алиоски е се поблиску до заминување од Фенербахче и враќање во Саудиска Арабија пред истекот на позајмицата.

Раководството на тимот од Истанбул според информациите на турските медиуми донело одлука да се прекине позајмицата поради преголемиот број странци во соблекувалната на Фенер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот Жорге Жесус добил насоки од раководството да одлучи кои играчи ќе го напуштат клубот за да се ослободи место за нови странци. Одлуката на крајот паднала на нашиот Џани.

Враќањето на Алиоски во Саудиска Арабија беше најавено уште пред две недели, а сега треба да биде официјално потврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак „Разочарани сме текстот н…