Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е воодушевен од употребата на видео технологијата во фудбалот и смета дека тоа може набрзо да го уништи фудбалот.
Јуве во неделата ги испушти првите бодови во сезоната откако одигра нерешено против Аталанта 2:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, на Марио Манџукиќ му беше пониште гол бидејќи после прегледувањето на снимките беше утврдено дека Лихтшајнер го удрил со лакт фудбалерот на Аталанта Гомез.
„Ако сакаме фудбалот да биде спорт кој повеќе не е вистински спорт, тогаш да ја користиме техонлогијата во секој инцидент. Но, во март кога секој натпревар ќе биде одлучувачки, навистина натпреварите би можеле да траат по три или четири часа“.
„Според мене техонологијата би требало да се користи само при офсајди или дали топката ја поминила гол линијата или не“, изјави Алегри.