Пол Погба како што стојат работите по допинг скандалот повеќе нема да игра за Јувентус и му се заканува подолга суспензија, а со тоа и раскин на договорот со „старата дама“.
Италијанските медиуми веќе шпекулираат и за нов фудбалер кој би пристигнал во Торино на местото на Французинот кој не покажа ништо од неговото враќање во Јувентус. Според информациите, како замена за Погба Алегри сака да го доведе Томас Парти од Арсенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентативецот на Гана со Јувентус се поврзуваше и во текот на летото, но тој трансфер не се реализираше поради финансиските проблеми на Јувентус. Со раскинувањето на договорот со Погба ќе се ослободи доволно простор Јувентус да може да го доведе Парти без никакви проблеми.
Најавите се дека Јувентус ќе се обиде да го доведе на позајмица од шест месеци, а Арсенал за таква опција би можел да бара сума од околу пет милиони евра.