Дома Фудбал Италија Aко Алегри замине кој би можел да го наследи во Јувентус?

Aко Алегри замине кој би можел да го наследи во Јувентус?

Maсимилијано Алегри ќе заврши уште една сезона во Јувентус без трофеј, а италијанските медиуми пренесуваат дека во клубот се размислува за негов наследник.

Веќе подолг период навивачите на Јувентус не се задоволни и бараат смена на Алегри, но засега тоа не се случува. Сепак, последните информации се дека во Торино се размислува за нов стратег.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако засега никој од Јувентус јавно не најавил смена на тренерската позиција медиумите пишуваат за можните имиња.

Прв на листата е Игор Тудор. Тудор е поранешен играч на Јувентус, а беше и во стручниот штаб кога Андреа Пирло го водеше тимот. Сезонава тој бележи одлични резултати со француски Марсеј.

Се споменуваат и имињата на Тијаго Мота и Рафаеле Паладино, додека фановите го сонуваат Зинедин Зидан, меѓутоа тука е Јулијан Нагелсман кој е слободен по отказот во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер …