Дома Фудбал Англија Aзар со најновата изјава ги исплаши „сините“: Во јануари не, но на лето се е можно

Aзар со најновата изјава ги исплаши „сините“: Во јануари не, но на лето се е можно

hazard

Белгиецот повторно ги загрижи „сините“.

Челзи во саботата го доживеа првиот пораз во сезоната, Тотенхем целосно ги надигра во лондонското дерби и веднаш како да почнаа да се создаваат проблеми.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Нголо Канте неодамна потпиша нов договор со Челзи и така најави дека нема да ја промени средината во блиска иднина.

Следната задача за раководството на Челзи е да го продолжи договорот со Еден Азар кој блеска под водство на Сари.

Неговиот акутелен договор со клубот истекува за година ипол, а со најновата изјава прилично ги загрижи навивачите на Челзи.

„Засега останувам во Челзи. Во јуни ќе имам уште една година од договорот, доколку не го продолжам се е можно. Не се гледам како заминувам во јануари, не би можел да им го направам тоа на клубот и навивачите“.

„Наредното лето тоа е можно, но исто така е можно и да останам во Челзи“, изјави Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…