Дома Фудбал Италија Aдријано по враќањето во Милано: Најдобрите спомени ги имам во Интер

Aдријано по враќањето во Милано: Најдобрите спомени ги имам во Интер

Интер вчера со 3:0 го победи Милан и обезбеди пласман во финалето од Купот на Италија.

Лаутаро Мартинез беше двоен стрелец во првото полувреме, а во второто точка на натпреварот стави Госенс, па така Интер после десет години повторно ќе игра во финалето на ова натпреварување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Специјален гостин на трибините во овој натпревар беше славниот Бразилец, Адријано, поранешниот „бомбардер“ на „нероаѕурите“. Адријано се појави на стадионот и доби големи овации од трибините.

„Се што поминав остави трага во мојот живот, а најдобрите спомени ги имам во Интер. Она што го носам со себе и денес е тоа што се ежам кога ќе ја слушнам песната за мене. Навивачите на Интер секогаш правеа да се чувствувам посебно“, порача Адријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал минува низ пекол: „Грд си, врати се во Мароко“

Шпанскиот репрезентативец Ламине Јамал беше изложен на расистички коментари и навреди од с…