Дома Македонски спорт Aдеми има скршеница на стапалото!?

Aдеми има скршеница на стапалото!?

Лоши вести пристигнуваат од Хрватска со Арјан Адеми.

Веќе е извесно дека Адеми ќе го пропушти реваншот против Виљареал кој е закажан за во четврток, но во хрватскиот тим стравуваат дека сезоната за Адеми можеби е завршена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вчера Адеми играше скоро еден час кога беше заменет од Мислав Оршиќ. Тренерот на Динамо, Дамир Крзнар по натпреварот призна дека повредата на Адеми не е наивна.

„Стапалото на Адеми е отечено, ќе го почекаме ренгенот. За жал првите прогнози не се воопшто добри“, изјави Крзнар.

Дали повредата е сериозна би требало да се знае, но и ние се надеваме дека не станува збор за нешто сериозно затоа што до почетокот на Европското првенство има само уште два месеви. Евентуално отсуство на Адеми би било огромен хендикеп за Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…