Дома Фудбал Останато Aгуеро: Меси прв пати, не знам зошто го критикуваат

Aгуеро: Меси прв пати, не знам зошто го критикуваат

Серхио Агуеро не ги разбири критиките упатени кон Лионел Меси поради неговите настапи за националниот тим на Аргентина.

Шесткратниот освојувач на Златната топка со Барселона ги освои сите можни трофеи, но со Аргентина ниту еден, беше светски вицешампион во 2014 година и вицешампионите на Копа Америка во наредните две години.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Не ги разбирам оние кои го критикуваат, тој е прв кој пати, но и покрај тоа продолжува доаѓа“, изјави Агуеро.

Напаѓачот на Манчестер Сити има договор со „граѓаните“ до 2021 година, а јавноста го поврзуваше со враќање во неговиот матичен клуб Индепендиенте.

„Сега не размислувам за тоа, сите клубови се во проблеми поради она што се случува“, изјави 31 годишниот напаѓач.

Агуеро дресот на Сити го носи од 2011 година, претходно помина пет сезони во Атлетико Мадрид, за националниот тим запиша 97 настапи и постигна 41 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…