„Јорганџиите“ не запираат!
Атлетико Мадрид остана без Антоан Гризман и уште неколкумина, но потоа следуваше едно неверојатно за шпанскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот премина во Барселона за 120 милиони евра, а клубот го напуштија уште: Лукас Ернандез, Желсон Мартинс, Вието…
Заработија околу 310 милиони и тргнаа во целосна реконструкција.
Како најголемо засилување пристигна Жоао Феликс, а во клубот пристигна и: Маркос Љоренте, Ермосо, Фелипе, Трипие, Фелипе, Лоди, Шапоњик и Ерера.
Тоа судејќи според се не е се. Во Атлетико го сакаат и Алан од Наполи.
Бразилецот е голема желба на ПСЖ, но Наполи не сакаше да го продаде и одбија 55 милиони евра.
Де Лаурентис сака да ги задржи најдобрите играчи, меѓутоа најавите дека Атлетико ќе понуди повеќе од оние 55 милиони евра.
Ќе потсетиме, со Атлетико на големо се поврзува и се очекува да пристигне Родриго од Валенсија. Дефинитивно, „јорганџиите“ градата фантастичен тим.