Дома Фудбал Англија Aртета по поразот од Брентфорд: Разочаран сум

Aртета по поразот од Брентфорд: Разочаран сум

Новата сезона во Англија за Арсенал започна разочарувачки.

Брентфорд со 2:0 ги победи „топџиите“ на отварањњето на Премиер лигата.  По натпреварот стратегот на Арсенал, Микел Артета секако беше разочаран.

„Разочаран сум, иако ја започнавме сезоната против добар противник. Со ваква игра не заслуживме ништо друго освен пораз. Премалку се доближувавме до шеснаесетникот, потребни ни се повеќе удар кон противничкиот гол“.

Обамејанг и Лаказет не играа во овој натпревар.

„Сигурно дека ни недостасуваа. Знаевме дека нема да сметаме на нив, не знам дали ќе ги имам за следниот натпревар“, изјави Артета.

За екипата на Брентфорд ова беше прв натпревар во англиската елита утше од сезоната 1946/1947.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Финансиската моќ на англиските клубови: Само Челзи во Европа потрошил повеќе од Нотингем

Нотингем Форест, повратникот во Премиер лигата попладнево го потврди трансферот на Морган …