Дома Фудбал Арсенал спрема изненадувачки трансфер

Арсенал спрема изненадувачки трансфер

Раководството на Арсенал се насочило кон изненадувачката трансферна цел во ликот на капитенот на Брентфорд, Кристијан Норгор, пренесува “Мирър”.

Данскиот играч за врска е дел од тимот на “пчеличките” од летото 2019 година и се утврди како еден од стабилните играчи во оваа сезона во целата Премиер лига.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, ваков потег би бил изненадувачки, бидејќи на “Емиратс” секој момент се очекува да биде објавено ангажирањето на Мартин Субименди, а Микел Артета располага во оваа зона уште со Деклан Рајс и Микел Мерино.

Шпанецот сепак сака да донесе уште еден играч во средината на полето за да ја зголеми конкуренцијата и класата, а истовремено да го балансира својот избор по заминувањето на Томас Партеј, чиишто договор истекува. Артилеристите се разделија и со Жоржињо, кој се врати во Бразил.

31-годишниот Нјоргорд е оценет на 11 милиони евра и веројатно нема да биде премногу скапа опција. Од своја страна, Брентфорд не сака да се раздели со друг свој важен фудбалер, бидејќи се очекува заминување на Брајан Мбемо. Само пред една недела, менаџерот на “пчеличките” Томас Франк замина во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике отпиша една од ѕвездата: Асенсио на праг на потпишување со европски гигант

Летниот трансфер период е во тек. Некои трансфери веќе се завршени, други се во фаза на пр…