Дома Фудбал Ѓокереш ги спакува куферите, сè е подготвено за трансфер – познат е неговиот следен клуб

Ѓокереш ги спакува куферите, сè е подготвено за трансфер – познат е неговиот следен клуб

Виктор Ѓокереш е чекор поблиску до напуштање на Лисабон. Тој ги договори сите лични услови со Арсенал, кој му понудил договор до лето 2030 година, а сега неговиот агент притиска Спортинг да ја прифати понудата од лондонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот „Л’Екип“ тврди дека Арсенал е подготвен да плати 70 милиони евра како отштета, иако претседателот на лисабонскиот клуб неодамна откри дека нема да го пушти Швеѓанецот за таа сума.

Станува збор за договарање на џентлмена кое е постигнато само вербално минатото лето, според кое Спортинг ветил дека ќе го пушти Ѓокереш да замине ако некој во овој трансфер период плати 70 милиони.

Наводно, агентот на Ѓокереш е подготвен и да поднесе тужба против Спортинг, тврдејќи дека има докази дека клубот го изиграл.

Познато е дека Ѓокереш веќе кажал дека нема повеќе да тренира со Спортинг и дека на сите начини се обидува да го форсира својот трансфер во Арсенал.

Во тимот на Микел Артета го очекува значајна улога, бидејќи Габриел Жезус не ги оправдал очекувањата, додека Кае Хаверц сепак не е класична “деветка”, што му недостасуваше на Арсенал во текот на претходната сезона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…