Eкипата на Арсенал го договори и четвртото засилување за ова лето, во прашање е голманот Давид Раја.
Раја пристигнува од Брентфод за сума од 30 милиони евра и веќе утре би требало да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор со „топџиите“. Во прашање е одличен голман, репрезентативец на Шпанија, има 27 години и ќе биде сериозна конкуренција за Арон Рамсдајл.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Уште како тинејџер Раја пристигна во Англија кога во 2012 година потпиша за Блекбурн, потоа собираше искуство во Соутпорт, а во 2019. година го доведе Брентфорд.
Беше еден од најзаслужните за историскиот пласман во Премиер лигата, а веќе две сезони е еден до најдобро оценетите голмани во Премиер лигата. Току поради тоа на Островот сметаат дека може да има солидна минутажа и покрај тоа што Рамсдајк е недопирлив кај Артета.
Сепак, голман од 30 милиони евра во своите најдобри години веројатно не е опција само за куп натпревари, па останува да се види како Артета ќе ги подели улогите.