Aрсенал по подоброто изведување пенали го победи Манчестер Сити и така го освои Комјунити Шилд Купот. Во регуларниот дел беше 1:1, а „топџиите“ подобро се снајдоа со ударите од белата точка.
Така Арсенал славеше против ривалот кој успеа да биде подобар и да ја освои титулата во драматичната завршница на минатата сезона. Микел Артета по победата ги изненади навивачите признавајќи дека размислувал да замине.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во првите неколку недели откако Сити стана шампион беше навистина тешко. Прво што морате да направите е да размислите е да се погледнете во огледало и да се запрашате – можете ли нешто да направите подобро? Можете ли клубот да го водите поинаку? Не бев сигурен и размислував“.
„На крајот заклучив дека се уште сум човек кој може да донесе напредок на клубот и затоа се уште сум тука. Сега се чувствувам полн со енергија и позитивност“, изјави шпанскиот стратег.
Во еден момент од минатата сезона, Арсенал имаше и осум бода предност во однос на Сити, но на крајот „граѓаните“ со подобра форма во завршницата ја освоија титулата.